МЗ: Намален бројот на пациенти во ковид центрите во Скопје, за 24 часа хоспитализирани 12 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 242 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град,голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, известува министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 3 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 примени пациенти и 3 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 34 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 68 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 89 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 80 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 4 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 300 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, информира МЗ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.