Мини зоолошка градина отворена во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Скопје

Во Средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје отворена е мини зоолошка градина – ЗОО Парк.

Во реновираната зоолошка градина има повеќе од триесет различни видови животни.

Оваа зоолошка градина во дворот на училиштето постои веќе повеќе години и е дел од практична настава за учениците, а од вчера таа официјално е отворена за сите посетители.

Влезот е слободен, односно со донирање на симболична сума, секој ќе може да влезе и да го посети ЗОО Парк во средното училиште „Браќа Миладиновци“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.