Поради презентација на пожарникарската скала, затворена за сообраќај ќе биде улицата 11 Октомври

Почнувајќи oд 18 часот денеска, затворена за сообраќај ќе биде скопската улица 11 Октомври, на потегот од булеварот Кочо Рацин до улицата Крушевска Република (од Тутунскиот комбинат до крстосницата кај Црвениот крст).

Како што информираат од МВР, причината за тоа е презентацијата на новата противпожарникарска скала од страна на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, заедно со единици од полицијата.

Улицата ќе биде затворена за сообраќај до завршувањето на настанот за кој е најавено дека ќе трае до 21 часот.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.