Денеска и утре прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје информира дека денеска и утре во раните утрински часови се одвиваше авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Од утре до петок во период од 22 до 03 часот наредниот ден, ќе се одвива и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот, против возрасни форми на комарци.

Како што соопштија од градот, доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Од градот ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.