Набавени пет нови камиони за собирање и транспорт на комунален отпад

ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска ги промовираше новонабавените пет специјални комунални возила-камиони за собирање и транспорт на комунален отпад.

Возилата се од марката „ивеко“ и ќе се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад од контејнерите наменети за колективните домаќинства, како и од кантите поделени во индивидуалните домаќинства на територијата на градот Скопје.

„Новите пет специјални комунални возила-камиони се дел од големата набавка што ЈП Комунална хигиена-Скопје ја започна на почетокот на оваа година, а во чиишто рамки досега беа пуштени во употреба и десет машини наменети за метење на јавните и сообраќајните површини“, изјави  директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Како што најави, до крајот на годинава ќе бидат набавени уште 32 нови специјални комунални возила - автоцистерни, камиони, самоподигнувачи и кипери, со што во голема мера ќе биде заокружено обновувањето на возниот парк на Претпријатието.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.