Водовод и канализација: Да се избегнува непотребно трошење на водата во жешките денови кои претстојат

Скопското јавно претпријатие Водовод и канализација апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури.

Од таму нагласуваат особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.

„Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени, како и податоците на ЈП Водовод и канализација за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови“, се наведува во соопштението на скопското јавно претпријатие.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.