Без струја денеска повеќе скопски општини

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека денеска, поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат следниве корисници:

- од 8.30 до 13.30 часот корисниците од дел од улицата 21 и дел од улицата 56 (Општина Центар);

- од 9.30 до 14.30 часот корисниците од с. Орман и с. Никиштане (Општина Ѓорче Петров);

- од 9 до 13 часот корисниците од местото наречено Боринарец - Радишани (Општина Бутел);

- од 7.25 до 15.30 часот корисниците од улицата Маџари, улицата 22 во Маџари, куќите околу стадионот „Борис Трајковски“, пунктот на „Водовод и канализација“ (Општина Гази Баба)





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.