Шилегов: Град Скопје секогаш ќе биде партнер во подобрувањето на локалниот економски развој

Денес во просториите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија се одржа состанок помеѓу претседателот Неби Хоџа и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, а на состанокот присуствуваше и градоналачникот на Бутел, Велимир Смилевски.

На средбата се зборувало за поддршката на локалната самоуправа за бизнис секторот и подобрувањето на локалниот економски развој.

„СКСЗМ во Град Скопје како институција секогаш ќе има свој партнер, подготвена да излезе во пресрет на нивните барања, бидејќи само со заедничка соработка и меѓусебна поддршка ќе може полесно да се решат претстојните економски предизвици и да се зајакне целокупната економија и креирање оптимална бизнис клима во Скопје“, посочил Шилегов.

Потсетил и дека Град Скопје донел неколку мерки за олеснување на последиците од пандемијата за фирмите, со откажувањето од дел од средствата од најголемите свои приходи: комуналиите, комуналните такси и закупот на јавен простор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.