ЈСП: Продолжување на трасата на линијата 50 во Хиподром

Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје ја информира јавноста дека од утре, вторник (26 октомври), трасата на линија 50 во Хиподром ќе биде продолжена, односно дел од автобусите ќе возат до Хиподром 2, со ознака 50А.

„Всушност, автобусите на линија 50А во Хиподром ќе сообраќаат по трасата на линијата 63 и ќе ги користат постојните постојки на трасата. Возниот ред на 50А е достапен на веб-страницата http://www.jsp.com.mk, означен со * во делот возен ред на линијата 50“, се наведува во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.