(Видео) Попов: Шилегов потроши 420.000 евра за телефонска централа што не е инсталирана во Градската куќа и никој не знае каде е

Петре Шилегов потрошил 420.000 евра за набавка на мрежна инфраструктура и ИП-телефонија за потребите на Градската куќа на ул. Лазар Личеноски бб, која истиот ја продаде, изјави Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Оваа телефонска централа за објектот на Градската куќа не е инсталирана во истата, ниту е забележан документ дека е продадена. Ова се документите од кои се гледа дека Шилегов е потписник на договорот со Македонски телеком вреден над 420.000 евра, за телефонска централа која сега не е во функција, ниту некој знае каде е и што се планира со неа.

420.000 евра пари на скопјани се потрошени за телефонска централа која не е во употреба, ниту некој знае каде е.

Шилегов да излезе и веднаш да одговори каде е телефонската централа и дали сè уште е во посед на Град Скопје, доколку не е каде е, колку пари ја продал или ја дал без надомест.

Парите од телефонската централа се попусто потрошени пари, никој не знае каде е и дали е можеби продадена, но и каде се парите ако е продадена. Ова е ист случај како со парите добиени од продажбата на Градската куќа.

12 милиони евра од продажбата на истата никаде ги нема. Никој не знае каде се и на што се потрошени.

Ова се сомнежи за огромни нерегуларности, за овие и за многу други набавки и плаќања ќе има детална истрага и ревизија по 31 октомври, ова е тоа што го плаши Петре Шилегов и СДСМ, и затоа се во паника, затоа навредуваат, малтретираат и шиканираат. Знаат дека по 31 октомври нема да можат да крадат и ги фаќа паника. Знаат дека одговорност ќе има, а еве и повторно им потврдуваме, да ќе има одговорност за сите ваши криминали и проневери“, порача Попов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.