ВМРО-ДПМНЕ: „Градски паркинзи“ должи 33 милиони денари кон Град Скопје

Јавното претпријатие „Градски паркинзи“ Скопје кое е долги години е управувано од кадар на партијата од власт, Демократски Сојуз е компанија должник, наведе ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека претпријатието поради своето недомаќинското работење, должи 33 милиони денари кон Град Скопје, иако добивало дури и субвенции во речиси ист толкав износ.

„Очигледно дека се правени злоупотреби штом едно вакво претпријатие кое наплаќа простор за паркирање и кое речиси и да нема влезни трошоци, креирало толкави загуби.

 

 

Постојат основани сомнежи дека директори, министри, советници и луѓе блиски до централната власт паркирале бесплатно преку упад на системот за паркирање. Ова значи дека додека граѓаните плаќале скап паркинг, додека градот Скопје со народни пари финансирал недомаќинско работење наместо да гради улици, реновира училишта, некој имал привилегија постојано 24/7 со години да користи бесплатен паркинг, само затоа што бил близок до власта на СДСМ.

Ова ли се принципите за декриминализираност кои ги проповедаат функционерите од партијата чиј кадар го водел јавното претпријатие „Градски паркинг“?

Ова е класичен случај за обвинителството, доколку имавме правна држава, а не правен параван кој штити криминал на власта.

Јавно го повикуваме Демократскиот сојуз кој во моментов е панцир за заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ да каже што се крие зад сомнежите за злоупотреби во градскиот паркинг, кои се лицата на списоците за слободно паркирање?

Демократскиот сојуз е дел од власта на СДСМ за да користи привилегии и штити криминал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.