ЈСП: Голем интерес кај граѓаните за вратените ноќни линии

Граѓаните покажуваат голем интерес за користење на вратените ноќни линии на ЈСП, коишто од пред околу еден месец повторно се во функција, велат од претпријатието.

Со реализацијата на овој проект за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години.

 

 

„Воведувањето на ноќни линии се дел од промените за подобар јавен градски превоз, што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје, каде што градоначалничката Арсовска вети дека истото ќе го исполни во првите 82 дена од нејзиниот мандат“, велат од ЈСП.

Станува збор за 9 автобуски линии кои сообраќаат по делничен возен ред, и тоа линиите со број 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65В, додека за време на викендите и државните празници сообраќаат вкупно 11 ноќни линии и тоа 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65В.

Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се веќе достапни на веб-страницата на ЈСП Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.