СДСМ: Со конструкции за „Градски Паркинг“ не може да се сокрие неспособноста на Арсовска

Со конструкции за ЈП Градски Паркинг не може да се сокрие неспособноста на Арсовска, таа не знае да менаџира со парите на граѓаните, велат од СДСМ преку соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ создава конструкции околу ЈП Градски Паркинг во обид да ја сокрие неспособноста на градоначалничката Данела Арсовска нешто да сработи за граѓаните. Додека Град Скопје обезбедува финансиска поддршка од пет милиони денари или над 80.000 евра за ЈП Градски Паркинг, Арсовска ги намалува цените за паркирање кои се главен извор на приход на ова Јавно градско претпријатие.

 

 

Толку од менаџерските способности на Арсовска, таа како и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ не знае да менаџира со парите на граѓаните. Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ бараат пари од владата, а општинските буџети ги трошат на непродуктивни цели и партизација на администрацијата.

Граѓаните и општините не заслужуваат градоначалници кои работат исклучиво за лични и партиски интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.