Доделени првите решенија на граѓани за субвенции на инвертер-клими во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги додели првите решенија на граѓаните што имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер-клими или соларни панели.

Како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски, целта е да се стимулираат граѓаните на општина Илинден (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима-уреди за затоплување или ладење на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.

Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година. Износот што го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50 % од сумата за која е купена инвертер-климата или соларниот панел, односно до максимум 10.000,00 денари од производ.

„Грижата и поддршката за граѓаните е секогаш приоритет на Општина Илинден, така што таа ќе продолжи и во наредниот период со доделување субвенции“, велат од Општина Илинден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.