Асфалтирана улица 5 во Стопански комплекс Илинден

Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден продолжува да работи со интензивно темпо, пришто извршено е асфалтирање на улица „5“ во Стопански комплекс Илинден.Во рамки на градежните работи извршена е изградба и  асфалтирање на улицата во должина од околу 110 метри.

 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид во работните активности на терен и истакна дека изградбата на оваа улица е од големо значење за секојдневното функционирање на локалните компании кои гравитираат во тој дел на економската зона. Целосната инвестиција за реализација на овој проект е со средства од буџетот на Општина Илинден.

 

„Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење“, додаваат од Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.