Во тек е проектот "Со зеленило против загадувањето" во Општина Илинден

"Со зеленило против загадувањето"

Во тек се активностите од акцијата на Општина Илинден "Со зеленило против загадувањето". Со оваа акција се реализира на 25 локации на површина од 80 000м2.


Целта на проектот е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина. Во проектот се вклучија граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот како и комуналните претпријатија. Во рамките на проектот се засадуваат садници, се уредуваат јавните површини во сите 12 населени места во Општина Илинден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.