Исчистена е каналската мрежа во Мралино и другите приоритетни области во општина Илинден

Општина Илинден

Во рамките на реализацијата на проектот Изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферски води во општина Илинден, од општината информираат дека во текот на минатата недела комплетно е исчистена каналската мрежа во населено место Мралино во должина од 2500 метри, при што се изградени нови канали во должина од 800 метри.


Паралелно со ова, покрај нивелирањето на теренот и чистењето на отворените одводни канали, поставени се и цевасти пропусти во должина од 30 метри.


Со чистењето на постоечката каналска мрежа и изградбата на новите отворени одводни канали во н.м. Мралино извршено е одводнување на површина од 670 000 м2, на која живеат 216 домаќинства со 820 жители.


Како дел од проектот Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали од почетокот на годината досега исчистени се 11.300 метри од каналската мрежа во приоритетните области на општина Илинден, при што се поставени вкупно 180 метри цевкасти пропусти.


Поради рамничарскиот терен на кој што се наоѓа oпштината, подложен на покачување на нивото на подземните води, интензивно и континуирано се работи на одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали со кои се овозможува зафаќање и непречен проток на атмосферските води и високите подземни води, додаваат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.