Литературна манифестација „Илинден 2018“

„Илинден 2018“

Во насока на промовирање на современите културни достигнувања, општина Илинден од 15 до 19 мај 2018 година, ќе ја организира 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“.


Манифестацијата свечено ќе биде отворена на 15 мај, со почеток во 19:00 часот, во домот на култура „Илинден“, а централниот настан - Поетски митинг „Стихови за душата“ ќе се случи на 18 мај, со почеток во 19:00 часот, со настап на триесеттина писатели од Македонија и од балканските држави.


Како дел од манифестацијата во домот на култура „Илинден“ од 15 до 18 мај под мотото „Денови на книгата“ ќе се одржи саем на книгата, каде што љубителите на пишанот збор ќе можат да се запознаат со најновите изданија и да најдат богат избор на книги.


Во рамките на манифестацијата ќе се одржи промоција на книгата „Триптих за Македонија“ од Раде Силјан, како и промоции на книги од млади автори.


Пред љубителите на пишаниот збор ќе биде претставен портретот на словенечкиот писател Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, при што стихови од поетската книга „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ на словенечки и македонски јазик ќе читаат членови на Словенечкото друштво за пријателство во Република Македонија.


Литературната манифестација ќе биде збогатена со Книжевна средба со поетите на Седумдесетите години: Веле Смилевски, Ефтим Клетников, Ристо Лазаров, Санде Стојчевски, Катица Ќулафкова, Бранко Цветковски и Славе Ѓорго Димовски.


Дел од манифестацијата е и традиционалното Литературно матине за деца, на кое ќе настапат повеќемина  писатели за деца и млади. На Литературното матине ќе бидат доделени награди и пофалници за најуспешните творби на учениците, пристигнати на литературниот конкурс распишан од општина Илинден.


За сите кои што сакаат да присуствуваат на Литературната манифестација на 15. мај, како и на Поетскиот митинг „Стихови за душата“ на 18. мај, општина Илинден организира превоз од Порта Македонија. Во 18:00 часот ќе поаѓа автобус кој ќе ги превезува посетителите на Манифестацијата до општина Илинден и ќе ги враќа кога ќе заврши вечерниот настан, што почнува во 19:00 часот.


Влезот за сите културни настани е слободен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.