Општина Илинден центар на културните случувања

Општина Илинден

Со промоција на поетската книга ,,Триптих за Македонија,, од Раде Силјан и изложбата ,,Убава е Македониј,, од Новица Трајковски, започна 19-та Литературна манифестација Илинден 2018, која ќе се одржува во Домот на култура Илинден до 19-ти мај.

 

Во рамките на манифестацијата во Домот на култура ,,Илинден,, се одржува традиционалниот саем на книгата под мотото ,,Денови на книгата,, каде што посетителите можат да најдат богат избор на книги.

 

Со свечено отворање во Домот на култура ,,Илинден,, синоќа започна 19-та Литературна манифестација ,,Илинден 2018,,. Манифестацијата ќе трае до 19-ти мај, а граѓаните секојдневно ќе имаат можност да ги проследат културните настани кои се на овогодинешната програма на манифестацијата. Манифестацијата и Деновите на книгата во Општина Илинден ги отвори градоначалникот Жика Стојановски, кој искажа голема благодарност на сите оние што придонесоа Литературната манифестација ,,Илинден,, да биде еден од промоторите на современите културни достигнувања во нашата земја, но и надвор од неа.


По свеченото отворање на манифестацијата беше промовирана поетската книга ,,Триптих за Македонија,, на истакнатиот македонски писател, есеист и литературен критичар Раде Силјан, кој изрази голема благодарност до Општина Илинден која толку години успешно реализира една ваква голема културна манифестација.


Исто така синоќа се отвори и изложбата на слики на академскиот сликар Новица Трајковски насловена ,,Убава е Македонија,,, а вечерта беше заокружена со музички колаж на Марјан Јанкоски и ,,Портал,,..


Литературната манифестација продолжува и денеска во чии рамки се одржа промоција на книги од млади автори, а вечерва се одржува книжевна средба со поети на седумдесетите години.


Утре, исто така во Домот на култура ќе се одржи портрет на словенечкиот писател Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Македонија. В петок се одржува литературното матине за деца со истакнати писатели за деца и млади, а вечерта ќе се одржи централниот настан на манифестацијата, а тоа е поетскиот митинг насловен ,,Стихови за душата,, на кој ќе настапат 30 писатели од Македонија и Балканот.


Во рамките на манифестацијата во Домот на култура ,,Илинден,, до 19-ти мај се одржува традиционалниот саем на книгата под мотото ,,Денови на книгата,, каде што посетителите можат да најдат богат избор на книги.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.