Се гради системот за зафаќање на атмосферските води во н.м. Кадино

Општина Илинден

Во населеното место Кадино во Општина Илинден се гради систем за зафаќање и одведување на атмосферските води, со цел да се реши проблемот со високото ниво на подземните води и можноста од поплавување на куќите и имотите што го имаа околу 300 жители од ова населено место.

 

Во рамите на реализацијата на еден од приоритетните проекти на општина Илинден ,,Изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферските води,, во текот на овој месец во н.м. Кадино изградена е атмосферска канализација во должина од 215 метри, со поставување бетонски цевкасти пропусти, со цел зафаќање и одведување на атмосферските води од централниот дел на ова населено место, како и заштита на патната инфраструктура.


Со реализацијата на овој проект се опфатени улиците ,,7,, ,,8,, и улица ,,10,, со што е извршено одводнување на површина од 96.000 квадратни метри. Со ова е даден голем придонес во решавањето на проблемот со високото ниво на подземните води и можноста од поплавување на куќите и имотите што го имаа околу 300 жители од ова населено место.


Поради рамничарскиот терен на кој што се наоѓа општината, подложен на покачување на нивото на подземните води, интензивно и континуирано се работи на одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали со кои се овозможува зафаќање и непречен проток на атмосферските води и високите подземни води.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.