Писатели на 70-те со своите стихови ја збогатија литературната манифестација ,,Илинден,,

Литературна манифестација ,,Илинден,,

Веле Смилевски, Ефтим Клетников, Санде Стојчевски и Славе Ѓорго Димовски се писателите на 70-те кои стихови од својот богат творечки опус ја збогатија литературната манифестација ,,Илинден 2018,,. Овие писатели со нивните дела оставија траен белег во македонската литература.

 

Книжевна средба со поетите на седумдесетите години се одржа синоќа во Домот на култура ,,Илинден,, во рамки на 19-та литературна манифестација на која учествуваа поетите Веле Смилевски, Ефтим Клетников, Санде Стојчевски и Славе Ѓорго Димовски, кои се претставија со избор на стихови од нивното богато творештво.


Нивните поетски дела заземаат значајно место во современата македонска литература и со своите дела вметнаа високи естетски вредности и оставија траен белег во македонската литература.


Веле Смилевски, еден од писателите на 70-те истакна дека овие писатели оставиле силен печат врз современата македонска литература, а доаѓа и нов силен бран нови автори, на кои според него им треба да имаат свои критичари, како што секоја генерација си има свои критичари. Смилевски за литературната манифестација истакна дека е вбројува меѓу најзначајните литературни манифестации во Македонија.


Книжевната средба ја отвори Раде Силјан, кој зборуваше за местото и улогата на поезијата во седумдесетите години од 20-от век, како и за творештвото на учесниците на книжевната средба.


Тој посочи дека ова се автори со голем творечки опус, добитници на бројни награди и признанија, а нивните дела се преведени на повеќе странски јазици и застапени се скоро во сите антологии на македонската поезија. Генерацијата на 70-те внесе вистинско освежување во современите текови на македонската литература.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.