Се гради нов канал во населбата Илинден

Нов канал во Илинден

Поради задржување на водата во дворните места и улиците при пообилни врнежи од дожд, во населбата Илинден се гради нов отворен канал во должина од 350 метри. Исто така во тек е и машински и рачно чистење на каналите во општината.

 

Во населба Илинден, како дел од реализацијата на проектот ,,Изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферските води,, во тек е изградба на нов отворен одводен канал во должина од 350 метри, кој ќе ги прифати водите од ул. 11, 13 и 19 како и поставување на цевкасти пропусти со соодветен профил.


Во овој дел од нас. Илинден поради ниската морфологија на теренот и при најмали врнежи од дожд доаѓа до задржување на водата во дворните места, објектите и улиците. Затоа, со цел прифаќање на атмосферските води во рамките на овој проект се отпочна со отворање на нов канал кој ќе ги одведе водите во сисавецот на Топлик, преку испумпување на водата со препумпен уред кој е веќе поставен. Со реализацијата на овој проект ќе бидат опфатени околу 200 домаќинства и ќе биде одводнета вкупна површина од 150 000 м2 .

 

Паралелно со овие активности, се врши машинско чистење на секундарен канал Азмак кој минува низ централниот дел на н.м.Марино.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.