Нова инвестиција во Илинден

Нова инвестиција во Илинден

Погон за производство на ПВЦ столарија и магацински простор започна да се гради денеска во Општина Илинден. Оваа инвестиција покажува дека продолжува инвестицискиот циклус во општина Илинден.

 

Во локалната економска зона Марино-Кадино, почна со градба нова инвестиција, погон за производство на ПВЦ столарија и магацински простор, на инвеститорот Ивица Јаневски, што ќе се простира на површина од 800 квадратни метри.


Според инвеститорот, станува збор за инвестиција вредна 600 илјади евра која што ќе овозможи отворање на 15 нови слободни работни места, а која се очекува да биде изградена до крајот на годината. Она што е посебно интересно за оваа нова инвестиција, според зборовите на инвеститорот, е податокот што целото производство ќе биде наменето за извоз, односно за надворешниот пазар.


Збогатувањето на бизнис семејството за уште еден член покажува дека продолжува инвестицискиот циклус во општина Илинден која останува во фокусот на инвеститорите.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.