25 заштитни шлемови за Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ од компанијата Текспорт

 

Aвстриската компанија за производство на заштитна облека „Текспорт“ донираше 25 заштитни шлемови за Општинскиот противпожарен сојуз Илинден“.

Во присуство на градоначалникот на Општина Иинден, Жика Стојановски, донацијата ја предаде сопственикот на компанијата „Текспорт“, Отмар Шнајдер.

Како што информираат од Општина Илинден сопственикот на компанијата истакнал дека се надева овие заштитни шлемови ќе бидат употребувани како превентива, за вежби и обуки и дека ќе нема потреба да бидат употребени во гасење на пожари.

Компанијата „Текспорт“ во локалната економска зона Марино-Кадино изгради фабрика за производство на заштитна облека, која според најавите на сопственикот треба да почне со работа во септември. Погонот е на површина од 5.000 метри квадратни и според инвеститиорот се очекува да бидат отворени 450 до 500 нови работни места.

Инаку, во рамките на Општинскиот противпожарен сојуз Илинден функционираат шест доброволни противпожарни друштва и единици во населените места Илинден, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Бујковци и Бучинци со вкупно 80 активни членови.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.