Општина Илинден празникот го одбележа на спортски начи

Големиот македонски празник Илинден се одбележува на повеќе места и на различни начини. Општина Илинден која го носи името на овој празник одбележа со повеќе активности на спортски начин. Во рамките на одбележувањето на патрониот празник се одржа 10 по ред Спортски викенд Илинден 2018. На оваа традиционална спортска манифестација, учествуваа над 700 спортисти кои се натпреваруваа во повеќе спортови: велосипедизам, шах, баскет, тенис, атлетика, хокеј и голем фудбал.

Централен настан на Спортскиот викенд беше професионалната велосипедска трка во должина од 100 километри Трофеј Илинден 2018, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја. Велосипедистите возеа 4 круга низ населените места на општина Илинден: Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци и Кадино, а должината на еден круг беше 25 километри. Прв на целта на оваа трка стигна Никола Левков од Општина Илинден.

Како вовед во главната трка се одржа рекреативна велосипедска трка во должина од 5 километри, во која учествуваа голем број граѓани од сите возрасти. На силниот шаховски турнир на кој настапија 38 шахисти, Фиде мајсторот Дејан Динев ја освои шампионската титула, на второто место се пласираше минатогодишниот победник фиде мајсторот Зоран Стојчевски, а трет беше Илија Стошевски. Голем интерес оваа година предизвикаа натпреварите во атлетика на кои учествуваа над 250 ученици, младинци и дечиња од градинката ,,Гоце Делчев,, кои му дадоа посебен белег на ова натпреварување. На најдобрите во сите категории градоначалникот Жика Стојановски им додели медали.

Во рамки на Спортскиот викенд се одржаа и натпреварите во тенис, оваа година првото место му припадна на Влатко Нацевски кој како што изјави тој е повеќе годишен учесник на ова натпреварување.

На Спортскиот викенд се одржаа и натпреварите во кошарка. За првото место се избори екипата на Машна, второто место припадна на екипата Олд Скул и трето место за екипата на Овчичка. Во рамките на Спортскиот викенд се одржа и редовниот фудбалски натпревар а по втор пат оваа година се одржа ревијален натпревар во хокеј на ролерки на кој учествуваа повеќемина репрезентативци на Македонија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.