Зголемен бројот на првачиња во Илинден

Во Општина Илинден на свечен начин беше одбележан стартот на учебната година, а училиштата ги посети градоначалникот Жика Стојановски.

 

Во сите подрачни и централни училишта беа приредени свечени манифестации за прием на првачињата. Како што информираше градоначалникот Стојановски оваа учебна година во Илинден има зголемување на бројот на првачиња, каде се запишани 200 деца, а во сите училишта има вкупно околу 2000 деца.

За време на средбата на сите првоодделенци градоначалникот им подели пригодни подароци составени од училишен прибор потребен на првачињата.

Градоначалникот Стојановски додаде дека оваа учебна година училиштата во Општина Илинден се целосно подготвени да ги прифатат сите ученици во современи услови. Општина Илинден располага со доста квалитетен наставен кадар во училиштата, професори кои во изминатиот период создаде многу квалитетни ученици кои постигнале големи успеси.

Новата учебна година почна и за новата генерација ученици во Средното општинско стручно училиште Илинден, каде има вкупно 260 ученици.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.