Во Општина Илинден ќе се прска против комарци

Општина Илинден ги известуваат своите жителите дека на ден 05.09.2018 год. (среда) со почеток во 21:00 часот, ќе се изврши четвртото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција)  за уништување на возрасни форми на комарци.

 

Акцијата ќе се реализира согласно Програмата за поголема безбедност и заштита на граѓаните од појавата на комарци. Теристичкото прскање против комарци ќе се спроведува со УЛВ ладно замаглување од специјално возило.


Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Ако временските услови не го дозволат теристичкото прскање, тоа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од Општина Илинден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.