Општина Илинден организира јавна презентација и јавна анкета за измена и дополнување на Урбанистички план

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски донесе Решение за организирање Јавна презентација и Јавна анкета по изменување и дополнување на Урбанистички план за Илинден, Блок 13 Општина Илинден за плански период 2017-2027.

 

Јавната анкета ќе се спроведе во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам и со излагање на предлог планот на јавно место во просториите на Општина Илинден, во просториите на Дом на култура Илинден и на општинската интернет страница – www.ilinden.gov.mk.

 

Јавната анкета ќе трае 5  работни дена од ­­07.09.2018 година до 13.09.2018 година. Јавната презентација ќе се одржи на 12.09.2018 година (среда), со почеток во 13,00 часот во просториите на Општина Илинден. Заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма. 

 

Целта на изработка на Урбанистичкиот план е во предметниот плански опфат да се создадат услови за градба на постојните објекти, на градежни парцели кои се само потврдени со информативна линија, заради зафакање на дел од заштитна зона на автопат. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден, преку информацискиот систем e-urbanizam  и на општинската интернет страница.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.