Првачињата од Илинден станаа членови на Детската организација

Првачињата од основните училишта од Општина Илинден ја одбележаа „Детската недела“ и станаа членови на Детската организација.

 

 На свечената манифестација што годинава се одржа под мотото „Градиме мостови, чекориме напред!“, на овој значаен ден за нив тие дадоа свечена заклетва. Во чест на првачињата нивните поголеми другарчиња приредија пригодна културно-уметничка програма.

 

За време на свеченоста првачињата се запознаа со Детската организација, нејзиното значење, детските права и одговорностите кон училиштето.

 

Во учебната 2018-2019 година во трите централни и петте подрачни основни училишта во Општина Илинден, во училишните клупи за прв пат седнаа 200 првоодделенци.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.