Општина Илинден апелира да се плаќа данокот на имот за побогата и помоќна општина

Општина Илинден апелира до сите граѓани и правни субјекти кои немаат добиено решение за данок на имот за 2018 година, да се јават во општина Илинден - Одделение за администрирање, со цел да поднесат даночна пријава за евидентирање на непријавениот имот и со подмирувањето на оваа обврска да дадат свој придонес за побогата и помоќна Општина Илинден. 

 

Обврска за плаќање данок имаат сите граѓани и правни субјекти кои се сопственици или корисници на недвижен имот на територијата на Општина Илинден.

 

Данокот на имот претставува основен извор на финансирање  кој локалната самоуправа самостојно го прибира од граѓаните и правните субјекти на територија на Општина Илинден.

 

Со исполнување на законската обврска за плаќање на данокот на имот, граѓаните придонесуваат за реализација на буџетот и реализација на планираните проектни активности за подобрување на условите за живот во Општината, како изградба и реконструкција на улици, патишта и мостови, подобрување на уличното осветлување, заштита на животната средина и природата, изградба и одржување на улична сообраќајна сигнализација, организирање на културни манифестации, развој на спортот и рекреативните активности, организирање на спортски приредби и манифестации, социјална заштита и заштита на децата - детски градинки и домови за стари, образование и здравствена заштита...

 

Со исполнувањето на обврската  за редовно подмирување на даночните обврски граѓаните директно учествуваат во реализацијата на проектите со кои се подобрува квалитетот на живот во Општината.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.