Оџачарски услуги во Илинден

Во рамките на активностите на Општина Илинден за обезбедување поквалитетни услуги за своите жители веќе четири години во ЈКП „Илинден“ работи служба која што нуди оџачарски услуги.

 

Оџачарските услуги кои се од големо значење за жителите на Општина Илинден,  кои што се греат на дрва, јаглен или масло за домаќинства ги извршуваат стручно обучени и лиценцирани лица за оваа дејност, информираат од Илинден.

 

Со оглед на тоа што неисчистените оџаци не само што го загадуваат воздухот туку се и потенцијална опасност за настанување на пожари, според експертите, куќните оџаци треба да се чистат два пати во текот на зимскиот период и еднаш штом ќе заврши греењето, за оџакот да биде подготвен за наредната грејна сезона.

 

Сопствениците на домови и стопански субјекти кои што сакаат да ги искористат оџачарските услуги што ги нуди Општина Илинден треба директно да се јават на телефонскиот број 2572-671 на ЈКП „Илинден“  или, на Е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и да закажат термин.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.