Потпишан договор за реализација на проектот „Рехабилитација на локален пат Кадино-клучка автопат А4“

Општина Илинден во соработка со Министерството за финансии и канцеларијата на Светска банка во Република Македонија, во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП), потпишаа договор за реализација на проектот „Рехабилитација на локален пат Кадино-клучка автопат А4“ во вкупна вредност од 29.416.514 денари.

 

Со проектните активности ќе се изврши целосна реконструкција на локалниот пат од излезот на населеното место Кадино до поврзување со автопатот А4 во должина од 1.600 метри, вклучувајќи реконструкција на 2 мостови и 1 цеваст пропуст.

 

Како што информираат од Илинден овој локален пат е од големо значење за општината бидејќи претставува влез во општината Илинден и главната врска со автопатот А4, Коридор Скопје-Атина и поврзување со регионалниот пат Р-103.

 

Со реконструкцијата на овој фрекфентен патен правец се подобрува безбедноста во сообраќајот во овој дел од општината, и се овозможува побрза и побезбедна комуникација. Безбедноста на учесниците во сообраќајот е еден од приоритетите во работењето на Општина Илинден, поради што континуирано се инвестира во изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта.

 

Инаку, покрај Илинден дополнително уште 5 општини добија средстава за реализација на инвестициони проекти. Станува збор за општините Бутел, Студеничани, Центар Жупа, Кавадарци и Желино.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.