Отворена изложбата на Новица Трајковски со наслов ,,Сликарот и пријателите”

Во Општина Илинден беше отворена изложбата на академскиот сликар Новица Трајковски, насловена „Сликарот со пријателите“.

 

Уметничките дека се изложени во галеријата на „Домот на култура „Илинден“. Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски, кој искрено му се заблагодари на Трајковски кој живее и работи во Општина Илинден, за неговиот голем придонес во развојот на културата и културните вредности.

 

Инаку, на изложбата се претставени 40-на портрети што во еден подолг временски период Новица Трајковски им ги направил на пријателите. Како што истакна Трајковски во обраќањето пред присутните, ова е прва негова изложба на портрети по 30 години.

 

Меѓу портретираните личности се градоначалникот Жика Стојановски, Раде Силјан, Ефтим Клетников, Летиф Јанчигвин – Ли, Јаков Дренковски, Климе Коробар, Павле Кузмановски, Виолета Ачкоска... За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до крајот на јануари идната година.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.