Отворен ден на Општина Илинден секој четврток од 13:00 до16:00 часот

Oпштина Илинден организира отворен ден со граѓаните кој се реализира секој четврток од 13:00 до 16:00 часот. 

 

Сите заинтересирани граѓани во овој термин можат да остварат средба со стручните служби на општината, со директорите на јавните претпријатија и со градоначалникот. На средбите, граѓаните ќе можат да ги посочат своите проблеми, да ги претстават своите идеи, предлог-проекти, како и да придвижат нови иницијативи.

 

За да остварат средба граѓаните ќе мораат претходно да закажат термин на тел. 02-2571 703 и 02-2571 704 и да ја наведат причината за средбата, за стручните служби да бидат подготвени да им одговорат на потребите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.