Донирани 5 прочистувачи за воздух во градинката во Илинден

Детската градинка „Гоце Делчев“ е опремена со нови 5 прочистувачи на воздух, донација од компанијата „Шмиц каргобул“.

 

Како што сооштуваат од општина Илинден, со оваа донација покрај досегашните две, сега седум од вкупно 16 занимални во градинката се опремени со причистувачи за воздух.

 

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, е убеден дека многу брзо, благодарејќи на општествената одговорност и на другите компании од Општина Илинден, сите занимални во градинката ќе бидат обезбедени со прочистувачи на воздухот.

 

Во последните децении општествената одговорност стана глобална идеја, а општествено одговорната работа и одржлив развој станаа своевидно светско движење.

 

И кај нас општествената одговорност се повеќе станува императив на компаниите, особено оние успешните, кои дел од профитот кој го остваруваат го враќаат на заедницата.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.