Градинката во Општина Илинден го одбележа 10 годишниот јубилеј

Со богата приредба, на свечен начин детската градинка ,,Гоце Делчев” го одбележа 10 годишниот јубилеј.

 

Пред голем број родители и гости дечињата се претставија со повеќе точки. Годинешната приредба по повод патрониот празник на градинката беше посветена на животот и делото на Гоце Делчев, а директорката на градинката на вработените им додели плакети за нивното 10 годишно работење во оваа установа.

 

Во знак на благодарност, плакета му беше доделена и на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски кој во неговото обраќање истакна дека после 10 години можеме да бидеме горди на една детска градинка која беше основана во 2008 година и потоа како прва општинска градинка, основана од локалната самоуправа со поддршка на министерствто. Како што истакна градоначалникот градинката тогаш беше мала градинка која почна да работи со 60-тина дечиња, а сега згрижува 430 деца, а тоа е голем развој за градинката.

 

Градоначалникот Стојановски додаде дека сместувачките капацитети ќе се прошируваат. Оваа година во н.м. Миладиновци ќе отпочне градба  на нова детска градинка во соработка со Владата, каде што преку фондовите ќе се обезбедат средства за изградба.

 

Инаку, детската градинка ,,Гоце Делчев” на почетокот имаше капацитет за згрижување на 60 деца, а поради динамичниот развој на Општина Илинден, како и зголемениот прираст на населението, наложи потреба од зголемување на капацитетот. Првото проширување беше во 2012 година, кога градинката можеше да згрижува 230 дечиња, а со изградбата на новиот дел градинката има капацитет за згрижување на 430 деца.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.