Прослава на Свети Трифун во Ајватовци

Со симболично закројување на лозовите насади во населено место Ајватовци, традиционално, на 14 февруари 2019 година, на свечен начин ќе биде прославен големиот верски празник Свети Трифун.

 

Свеченоста ќе почне во 8.30 часот со Божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, што ќе ја одржат свештеници од Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

 

На традиционалната манифестација на одбележување на празникот на лозарите во Општина Илинден, и годинава по шести пат ќе биде извршен избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин.

 

Изборот ќе го извршат членовите на „Винско витештво“ од Македонија - здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура, а на овој своевиден саем на виното се очекува да учествуваат десетина винопроизводители од Општина Илинден.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.