Транзитирање на тешки товарни возила низ локалните улици во Илинден, проблем за кој се бара заедничко решение

Во рамки на Локалниот совет за превенција во Општина Илинден се одржа првата седница на која беа разгледувани повеќе прашања кои ги засегаат граѓаните, односно се дискутираше во делот на безбедност во сообраќајот и воспоставување на механизми за подобрување на квалитетот на живот во локалната заедница, како и за можностите за превентивна заштита и решавање на безбедносните проблеми во локалната заедница.

 

Во таа насока се разгледуваа неколку заклучоци, а како поголем проблем беше посочен транзитирањето на тешки товарни возила низ општината кои ја оштетуваат патната инфраструктура и ја загрозуваат безбедноста на пешаците.

 

 

Поради брзиот развој на Општина Илинден и во насока на подобрување на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на нејзина територија, наскоро во Општина Илинден ќе се отвори полициска канцеларија за превенција која ќе биде сместена во општинската зграда чија цел е подобрување на безбедноста, дефинирање и интензивирање нови активности во Општина Илинден.

 

 На денешната седница исто така беше посочено и спроведување одредени мерки за превенција, обуки и кампањи, но и интензивирање на соработката меѓу граѓаните, полицијата и локалната самоуправа.

 

Целта на Локалниот совет за превенција e подобрување на јавната безбедност на подрачјето на општината, како и градење на доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите кои влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.