В четврток „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“ во Илинден

На 25-ти април в четврток во периодот од 10:00 до 14:00 часот во Домот на култура Илинден ќе се одржи 13-та по ред традиционална Манифестација ,,Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”.

 

Во чест на Двеилјадиидеветнаесеттото лето Господово, симболично ќе бидат украсени 2019 Велигденски јајца. Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие Велигденско јајце.

 

Во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение” што се одржува секоја година на Велики четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, во изминатите дванаесет години се обезбедени вкупно 33.000 книги наменети за општинската библиотека Илинден, општинската библиотека во домот на култура „Марино“ и библиотеките во основните училишта.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.