Изградба на фекална канализација во Општина Илинден

Во населбата Илинден во Скопје во тек е изградба на канализациски систем на улицата „13“ и дел од улица „19“ во должина од 600 метри. Со изградбатa на овоj канализациски систем во рамки на кој се изградени  три препумпни уреди и инсталирани 14 шахти се овозможува приклучување на приближно 60 домаќинства, соопшти денеска Општина Илинден.

 

Овие улици се наоѓаат во најнискиот дел од населбата и со системот се опфаќаат домаќинства што фекалните води ги испуштаат во непрописно и лошо изградени септички јами од кои и при најмали врнежи и високо ниво на подземни води доаѓа до излевање и поплавување на имотите на овие граѓани, што претставува жариште на потенцијални заразни болести.

 

Kапиталниот проект на Општина Илинден – Изградба на фекална канализација и пречистителни станици, има за цел изградба на систем за прифаќање, третман и одведување на отпадните фекални води од домаќинствата и стопанските објекти.

 

Во рамките на реализацијата на Проектот досега се изградени четири сегменти од фекалната канализација, со четири пречистителни станици на четири локации, во три населени места, кои опфаќаат 1.500 домаќинства и канализациски систем во должина од над 20.000 метри.

 

Во наредниот период ќе се продолжи со изградба на канализациски систем во населено место Кадино, како и изградба на пречистителна станица во населено место Миладиновци, најавуваат од Општина Илинден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.