Александар Георгиевски ја презеде функцијата градоначалник на општина Илинден

Во општина Илинден официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, меѓу новоизбраниот градоначалник Александар Георгиевски и досегашниот Жика Стојановски.

Георгиевски како кандидат на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври го освои потребниот број на гласови.

Веднаш по примопредавањето на функцијата, тој одржа состанок со општинската администрација при што истакна дека очекува успешна соработка, додавајќи дека неговата врата во секој момент ќе биде отворена за сите вработени. Тој истакна дека очекува комуникација, консултација и експедитивност во натамошното работење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.