214 фирми се приклучија кон проектот ,,Моја картичка - мој Карпош,,

,,Моја картичка - мој Карпош,,

Вкупно 214 бизниси кои функционираат на територија на Општина Карпош се приклучија во првата фаза од проектот ,,Моја картичка - мој Карпош,,. Со оваа картичка жителите на Карпош при купување ќе имаат попусти.

 

Во проектот се вклучија  фирми од различни области: угостителство кафулиња и ресторани, театри, спортски сали, здравствени ординации, информатичка технологија, автомобилска индустрија и др. Целта на овој проект е да се раздвижи економијата на локално ниво. Граѓаните, жители на Карпош да купуваат и да користат услуги по пониски цени, а локалните бизнис да имаат поголема посетеност и добивка. Од Општина Карпош информираат дека во претстојниот период ќе продолжи следната фаза на проектот каде што ќе се дефинираат критериумите за користење на картичката, изработката и другите детали.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.