Пријавување општински проблем на веб страна

Пријавување проблем на веб страна

На едноставен начин, со еден клик и споделување на фотографија жителите на Карпош од денеска ќе може да пријават проблем во општината.

 

Преку веб платформата www.prijavi.mk граѓаните на Општина Карпош, ќе може да реагираат до опшинската администрација за проблеми од областа на хигиената, јавното осветлување, загадувањето на воздухот, ударните дупки, како и за други јавни комунални услуги, информираат од општината.

 

За реализација на оваа цел, Општина Карпош и невладината организација НЕКСУС – Граѓански Концепт, склучија Меморандум за соработка кој се однесува на одржувањето на оваа платформа, начинот на пријавување на проблем и комуникацијата со граѓаните.

 

Покрај соработката за развивање на мобилната апликација, Општина Карпош продолжува да работи, нудејќи повеќе алтернативи, со кои се овозможува мапирање на проблемите, додаваат од општината.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.