Ребрендиран општински магазин ,,Карпош Ин,, од утре ќе биде дистрибуиран до граѓаните

Од утре граѓаните на Карпош ќе го добијат новиот ребрендиран општински магазин ,,Карпош Ин,,. Овој магазин ќе излегува еднаш месечно и на граѓаните ќе им овозможува повеќе простор да говорат за својата општина.

 

Општина Карпош денеска го издаде новиот број од своето општинско гласило ,,Карпош Ин,,. Новиот ребрендиран магазин ќе излегува еднаш месечно, во тираж од 20.000 примероци, со информативна и забавно-едукативна содржина на 44 страници, печатени на 100 % рециклирана хартија. Магазинот ќе биде дистрибуиран до граѓаните на Општина Карпош, веќе од утре преку канцелариите на урбаните заедници.

 

Покрај визуелниот изглед, направени се целосни промени и во содржинскиот концепт на магазинот, во кој се овозможува повеќе простор за граѓаните на Карпош, да говорат за својата општина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.