ДЕМАНТ: НЕМА ПРИФАТЕН ЦЕНТАР ЗА СТРАНЦИ ВО КАРПОШ

Општина Карпош преку соопштение ја демантираше информацијата која протече на социјалните мрежи дека прифатен центар за странци ќе се гради во Бардовци.

Од општината информираат дека немаат примено никаков допис во вид на барање информации и податоци за доставување државна урбанистичко - планска документација за прифатен центар од страна на Агенцијата за планирање на просторот.

Додаваат дека прифатен центар за странци не е дел од планот за развој на Бардовци или на било кој друг дел од Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.