Општина Карпош става крај на непланската урбанизација на Карпош
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 04 Јули 2018
Со цел да се поткрепат иницијативите за повеќе оспорени детални урбанистички планови Општина Карпош поднесе конкретни докази до Уставниот суд на Република Македонија.
Врз основа на поднесена иницијатива од страна на граѓани и приложени дополнителни докази од Општина Карпош, Уставниот суд на Република Македонија донесе Одлука со која се укинува Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 06 опфат помеѓу бул. “Партизански Одреди”, ул. “Московска”, бул. “Македонија” и бул. “8-ми септември”, Општина Карпош – Скопје.
Станува збор за ДУП кој беше донесен во несоодветна процедура, при што беше загрозена транспарентноста на целата постапка и учеството на граѓаните во истата.
Во насока на поткрепа на иницијативата пред Уставниот суд, за ДУП Градска четврт З 06, Општината поднесе конкретни докази меѓу кои и извод од веб страната на Општина Карпош дека не е објавена Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена која претходи на донесувањето на деталните урбанистички планови.
Општина Карпош ќе ја почитува Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија, со што се запира спроведувањето на овој Детален урбанистички план и сите идни чекори ќе бидат во согласност со правните последици кои ги произведува оваа Одлука и позитивната законска регулатива.
Тоа практично значи дека во претстојниот период, Општина Карпош ќе пристапи кон изработка на нови детални урбанистички планови кои ќе бидат носени во консултации со стручната јавност и засегнатите граѓани.
Исто така, во новите детални урбанистички планови ќе бидат запазени сите стандарди и услови за поставување на зеленило и зелени површини, како и за обезбедување на поголема хуманизација на просторот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс