Во Влае поставен летниковец за дружење и враќање на маалскиот дух

Во урбаната заедница Влае 2, кај спортско – рекреативната зона долж Кејот на реката Вардар поставен е нов летниковец чија примарна цел е да овозможи простор за дружење меѓу граѓаните од овој дел на Карпош.

 

Од Општина Карпош информираат дека летниковецот претставува донација од страна на компанијата Пивара Скопје АД, која и во оваа прилика ја покажа својата општествена одговорност и грижа за локалната заедница.

Летниковецот е опремен со изгравирана маса за играње на шах и табла и три клупи за седење, а намерата на Општина Карпош и Скопска Пивара, е да се врати маалскиот живот и дух на населбите. Од Карпош се надеваат дека граѓаните од Влае правилно ќе го користат летниковецот, ќе се грижат за урбаната опрема и околниот простор.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.