Кастрење гранки и миење улици во Карпош

Во урбаната заедница Карпош 2, долж булеварот "8-ми Септември", денеска екипите на  ЈП Паркови и зеленило спроведоа акција за уредување и кaстрење на гранките на десет дрвја (јавори).

 

Како што информираат од Карпош акцијата беше спроведена по барање на граѓани и заедници на станари, а по претходно извршена стручна проверка и издадени решенија за кастрење на суви гранки.

За утре од Општина Карпош најавуваат акција за темелно чистење, миење на повеќе улици. Миењето ќе се врши од  08:00 до 12:00 часот, а ќе се мијат улиците „Прашка” „Варшавска”, „Букурешка”, „Дрезденска”, „Љубљанска” и „Манапо“.  

Со цел акцијата да може непречено  да се спроведе, повикуваат  сопствениците на возилата да ги отстранат своите паркирани автомобили од овие улици кога ќе се спроведува акцијата.

 

e





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.