Поддршка за талентираните ученици и спортисти од општина Карпош

Општина Карпош и во учебната 2018/2019 година ќе доделува стипендии на талентирани спортисти, кои се жители и кои учат во осмо и деветто одделение во основните училишта во оваа локална самоуправа. 

 

Оваа одлука е донесена на 13. седница на Советот на општина Карпош. Советниците ги усвоија и Извештајот за работите во однос на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Карпош во првите шест месеци од годинава, Годишната програма за работа на четирите градинки кои се наоѓаат на територија на општина Карпош за учебната 2018/2019 година: „Мајски цвет“,„Орце Николов“, „Пролет“ и „Распеана младост“.

Советниците ги одобрија и одлуките за одобрување финансиска поддршка за санација на плато и скали на влезот на Кинотека на Македонија и за одржување на меѓународниот „ФИС ролерски куп Скопје“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.