Општина Карпош ќе се приклучи кон глобалната акција за чистење

Општина Карпош се приклучува кон иницијативата за одбележување на Светскиот ден на чистење – 15 септември.

 

Како што информираат од Карпош станува збор за глобална акција во која се вклучуваат милиони волонтери, граѓани и општествено одговорни субјекти од 150 земји. Оваа година, локалната самоуправа ќе спроведе акција за темелно чистење на целата Општина.

 

Покрај комуналните служби, кон акцијата ќе се приклучи и општинската администрација, општинското раководство и членовите на Советот на Општина Карпош.

Општината ги повикува и сите граѓани, организации, компании и општествено одговорни субјекти да се приклучат кон оваа еколошка  акцијата за почист Карпош. Општина Карпош ќе обезбеди соодветна опрема за чистење за сите граѓани кои ќе учествуваат во оваа акција.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.